Дома Фудбал Манчестер сити и Тотнем се борат за дефанзивец, а најмногу ќе профитира Реал Мадрид?

Манчестер сити и Тотнем се борат за дефанзивец, а најмногу ќе профитира Реал Мадрид?

Се приближува крајот на сезоната во европските лиги, а со тоа и почетокот на летниот трансфер период, и клубовите веќе подготвуваат нови засилувања.

Манчестер Сити оваа сезона за своите стандарди доста потфрли и ќе сврти внимание на трансфер пазарот ова лето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Веќе неколку клучни играчи најавија своето заминување, како Кевин Де Брујне и реструктурирањето на тимот навистина е потребно.

Најинтензивната приказна за „Граѓаните“ и следниот трансфер период е Флоријан Вирц кој одамна е желба на светло-синиот клуб од Манчестер.

Освен средината, Манчестер Сити бара и засилувања во задната линија, односно одбраната, а сега се појави име од Серија А.

Како што известуваат англиските медиуми, „Граѓаните“ се многу заинтересирани за услугите на стоперот на Лацио, 24-годишниот Марио Хила.

Шпанскиот стопер потекнува од редовите на Реал Мадрид, одигра две натпревари и за сениорскиот тим пред да премине во Лацио во 2022 година.

Освен Манчестер Сити, за Хила е заинтересиран уште еден англиски клуб, а тоа е Тотнем.

Што се однесува на цената за шпанскиот дефанзивец, истата изнесува од 40 до 45 милиони евра.

Победник во целата оваа приказна ќе биде Реал Мадрид кој има 50 отсто од приходите од следниот трансфер на Хила, а земете во предвид дека дојде од нивните младински категории – Кралевите ќе остварат чист профит.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Консеисао се налути и откри зошто Милан е во криза

Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, го најави реваншот од полуфиналето на Купот на Италија…