Дома Фудбал Манчестер Јунајтед започна конкретни преговори за Воткинс

Манчестер Јунајтед започна конкретни преговори за Воткинс

Манчестер Јунајтед го засилува својот интерес кон напаѓачот на Астон Вила Оли Воткинс.

“Црвените ѓаволи” со сигурност сакаат да привлечат уште еден нов напаѓач ова лето, надевајќи се дека тоа ќе биде голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш. Последните информации велат дека Швеѓанецот постигнал договор со Арсенал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Заради ова, од “Олд Трафорд” се решиле да преземат конкретни чекори за ангажирање на Воткинс, пренесува “Мирор”. Паралелно, Јунајтед прави напори да ја финализира зделката со Брајан Мбемо, откако Брентфорд веќе одби две понуди од “црвените ѓаволи”.

Од Јунајтед веќе ги започнале првичните разговори со Астон Вила. Бирмингемскиот клуб бара околу 60 милиони за Воткинс, но од “Олд Трафорд” не се спремни да платат толку, со оглед на фактот што напаѓачот има 29 години и нема можност за поврат на инвестицијата при идна препродажба.

20-кратните шампиони биле подготвени да го понудат Рашфорд како дел од зделката за Воткинс, но од “Вила Парк” веќе се одлучиле да не го задржат младинецот на “црвените ѓаволи”, кој во последниве неколку месеци играше на заем за бирмингемскиот тим.

Воткинс има договор со Астон Вила до летото 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …