Дома Фудбал Манчестер Јунајтед во проблеми: Инспекција влезе во просториите на клубот и остана без зборови

Манчестер Јунајтед во проблеми: Инспекција влезе во просториите на клубот и остана без зборови

Манчестер Јунајтед веќе долго време е само сенка на она што некогаш беше, а по контролата што ја изврши инспекцијата може да се најдат во проблеми и надвор од теренот.

Освен проблемите што ги имаат на теренот – во смисла на катастрофалните резултати кои ги следат веќе подолг период, постојат проблеми и надвор од теренот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според англиските медиуми, поточно „Дејли Мејл“, инспекцијата ги посетила просториите на клубот и се изненадила од она што го открила.

Во неколку простории биле пронајдени глувци, меѓу другото и во кујната каде што се подготвува храна за играчите и останатиот персонал.

Поради тоа, инспекцијата „го казнила“ клубот со оценка од само две ѕвездички од можни пет, што е многу лоша оценка.

Што се однесува до самиот стадион (Олд Трафорд) и тој е во многу лоша состојба и се очекува изградба на нов стадион.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …