Дома Фудбал Манчестер јунајтед се вклучи во трка за еден од најбараните фудбалери во Европа

Манчестер јунајтед се вклучи во трка за еден од најбараните фудбалери во Европа

Еден од најбараните дефанзивци моментално на трансфер пазарот е Марк Геи, а сега и Манчестер Јунајтед се приклучи на трката за Енглезот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марк Геи е еден од најдобрите играчи на Кристал Палас, кој според мислењето на многумина веќе одамна го надрасна овој клуб.

Минатата сезона беше феноменален во дресот на англискиот клуб и не требаше долго време да го забележат многу европски великани.

Најинтензивна беше приказната за премин во Ливерпул, кој бара партнер на Вирџил ван Дајк во последната линија.

Покрај Редсите, шпанските медиуми пренесоа дека и Реал Мадрид е заинтересиран за неговите услуги, но дури следното лето.

Имено, на Геи му истекува договорот на крајот од следната сезона, поточно на 30 јуни 2026 година и Кралевите го планираат да го доведат како слободен играч.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брегалница на само еден ден пред дуелот со Вардар избра тренер!

Брегалница од Штип со нов тренер ќе ја започне новата сезона во Првата македонска фудбалск…