Дома Фудбал Манчестер Јунајтед официјално го претстави Мбемо

Манчестер Јунајтед официјално го претстави Мбемо

Манчестер Јунајтед официјално го претстави Брајан Мбемо како свој играч. Камерунецот беше донесен од Брентфорд, а според информациите “црвените ѓаволи” ќе платат за него 65 милиони евра, плус уште 6 милиони во форма на бонуси.

25-годишниот фудбалер потпишал договор со Јунајтед за следните пет години, со можност да се продолжи со уште една. Тој стана третото ново засилување ова лето по Матеус Куња и Диего Леон.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Од моментот кога дознав дека има шанса да потпишам со Манчестер Јунајтед, морав да ја искористам оваа можност. Ова е клубот на моите соништа, чиј дрес го носев уште како дете. Мојот менталитет е секогаш да станувам подобар од вчера. Знам дека поседувам дух и карактер за да достигнам повисоко ниво и да учам од Рубен Аморим, додека играм со играчи од светска класа. Сите ми зборуваа за атмосферата тука и за големите планови за иднината. Ова е огромен клуб, со неверојатен стадион и уникатни фанови. Сите сакаме да се бориме за најголемите трофеи”, изјави Мбемо при своето претставување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве каква казна ги очекува фудбалерите на Тотенхем ако испаднат во Чемпионшип

Игор Тудор не го започна својот период на клупата на лондонскиот клуб на посакуваниот начи…