Дома Фудбал Манчестер јунајтед го промовира првото засилување вредно 62,5 милиони фунти

Манчестер јунајтед го промовира првото засилување вредно 62,5 милиони фунти

Манчестер Јунајтед го комплетираше првото големо засилување за новата сезона, ангажирајќи го бразилскиот напаѓач Матеус Куња од Вулверхемптон за трансфер вреден 62,5 милиони фунти.

По неколкудневни шпекулации и сигнали дека трансферот е блиску до реализација, клубот од „Олд Трафорд“ денеска официјално потврди дека Куња ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според објавата на социјалните мрежи, напаѓачот потпишал петгодишен договор со можност за продолжување, што покажува дека раководството сериозно смета на неговите услуги во долгорочните планови на клубот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма на тренингот: Селекторот на Романија му се слоши, итно е пренесен во болница!

Вистинска драма се одвиваше утрово на тренингот на романската репрезентација. Селекторот М…