Раководството на Манчестер Јунајтед е во многу напредна фаза на преговори за левиот бек на Серо Портено, Диего Леон, пренесуваат медиумите на Островот.
17-годишникот оваа сезона забележа 19 настапи во домашното првенство и се смета за голем талент. Јунајтед за неговиот потпис ќе плати 4 милиони фунти, а агентот веќе пристигнал во Манчестер на финални преговори.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Токму левата зона беше приоритет на новиот тренер на тимот, Рубен Аморим, бидејќи има потреба од засилување во зимскиот преоден рок.
За Далот тоа не е природна позиција, а Масалија не е во добра форма и потребно му е време да се врати во оптималната кондиција.