Дома Друго Малите фудбалски јунаци од Прилеп: Шампиони во лигата и освојувачи на четири турнири!

Малите фудбалски јунаци од Прилеп: Шампиони во лигата и освојувачи на четири турнири!

Фудбалската школа „Перак“ од Прилеп повторно го покажа својот квалитет!

Генерацијата 2016 во изминатиот период бележи фантастичен успех, освојувајќи четири последователни турнири ова лето, а паралелно и титулата во Детската фудбалска лига – Преспанско-пелагониски регион.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Овие млади фудбалери уште еднаш ја потврдија својата дисциплина, талент и посветеност – но најмногу од сè, духот на заедништво и другарство што ги прави вистинска мала фамилија на теренот.

Од клубот порачуваат дека ова е доказ за сериозната работа во младинските категории и за огромната љубов кон спортот кај најмладите генерации.

Успесите не застануваат тука – покрај генерацијата 2016, и генерациите 2013, 2014 и 2015 бележат одлични резултати на домашни и регионални турнири, чекор по чекор градeјќи своја иднина во македонскиот младински фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Друго

Проверете

Трендови во последните 3 месеци: Кои слотови беа најпосетени од македонските играчи?

Последните три месеци јасно покажаа што најмногу бараат играчите на онлајн казино платформ…