Македонските репрезентативци лесно ја совладаат Гвинеја со 29: 20 и со тоа се пласираа во следната фаза на Мундијалот.
Ова беше само полесен тренинг за избраниците на селекторот Кирил Лазаров, кој очекувано многу комбинираше со составот.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Гвинејците се покажаа како достоен ривал во текот на првото полувреме, кое македонската репрезентација го доби со 14:10.
На крајот, Македонија славеше со 29:20 и на рутински начин ја совлада африканската селекција, а со тоа автоматски се пласираше во втората рунда натпревари на Светското првенство, каде ќе носиме еден бод.