Македонската ракометна репрезентација одира реми со Австрија 29:29 и тоа со гол буквално во последната секунда.
Македонската репрезентација одлично го отвори мечот и имаше предност од 3:1 на стартот. Австријците брзо влегоа во ритам и веќе на средината на првиот дел беше израмнето 7:7.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Потоа Македонија повторно замина на „плус три“, но Австрија успеа да се врати и во последните секунди да замине на одмор со еден гол предност.
Во вториот дел се водеше голема борба и израмнета битка гол за гол. На две минути до крајот Македонија имаше гол предност, но Австрија постојано возвраќање.
На минута до крајот Македонија промаши пенал, а од другата страна Австрија не погреши од седум метри за предност од 28:27. Митев израмни на четириесет секунди до крајот, меѓутоа Хутечек погоди на четири секунди до крајот за ново водство.
Кузманоски со „бомба“ буквално во последната секунда погоди за реми од 29:29.