Дома Фудбал Македонија напредуваше на ФИФА ранг листата

Македонија напредуваше на ФИФА ранг листата

Добрата форма на македонската фудбалска донесе скок на најновата ФИФА ранг-листа нашите фудбалери напредуваа за пет позиции и сега се наоѓаат на 62. место.

Овој напредок доаѓа како резултат на позитивните настапи во изминатиот период, со што зад себе ги оставивме селекциите на Албанија, Јордан, Грузија, Буркина Фасо и Обединетите Арапски Емирати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Следната шанса за дополнителен напредок ќе биде дуелот со Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство, каде што избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе имаат можност да го потврдат добриот моментум.

На врвот на листата нема изненадувања – Аргентина и натаму суверено води пред Шпанија, Франција, Англија и Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марсеј размислува за разделба со Де Дзерби

Роберто Де Дзерби може да биде отпуштен од Марсеј, откако не успеа да стигне до елиминацио…