Дома Фудбал Македонија ќе игра против Босна пред почетокот на Светското првенство!

Македонија ќе игра против Босна пред почетокот на Светското првенство!

Македонската фудбалска репрезентација во јуни ќе има тест-дуел против Босна и Херцеговина, пренесува порталот „спортспорт.ба“.

По неуспехот во баражот и пропуштената шанса за пласман на Светското првенство, Македонија ќе ја искористи оваа средба само како тест дуел додека Босанците, кои сензационално ја елиминираа Италија, ќе ја гледаат како дел од подготовките за настапот на Мундијалот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според најавите, натпреварот треба да се одигра во Сараево, додека точниот термин сè уште не е официјално потврден.

Светското првенство во САД, Канада и Мексико стартува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, период во кој фудбалската елита ќе се бори за најпрестижниот трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда на Реал Мадрид: Милан ми понуди многу повеќе пари, но одбив

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Гути, се присети како одбил понуда од Милан пред речис…