
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра натпреварот од квалификациите за Светското првенство против селекцијата на Лихтенштајн.
Иако „црвено-жолтите“ се сметаат за голем фаворит на хартија, стручниот штаб предупредува дека нема место за потценување. Милевски нагласува дека само максимална концентрација и сериозен пристап на теренот ќе ја гарантираат посакуваната цел, бидејќи во современиот фудбал аутсајдерите често знаат да приредат изненадување.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Добра вест е што селекторот не се соочува со проблеми со повредени играчи, а тимот е комплетен и подготвен да го даде максимумот. Очекувањата се дека натпреварот ќе биде тежок сè додека не се постигне првиот гол, по што противникот ќе биде принуден да се отвори.
Ова ќе биде 13-ти дуел меѓу Македонија и Лихтенштајн. Нашата селекција има убедливо подобар биланс – 11 победи и едно реми, со вкупна гол-разлика од 45:5.