Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 18 часот го игра натпреварот против Холандија во рамките на СП.
Тренерот Лазаров истакна дека важно му е да види борба како со Унгарија и со Хрватска, а од своите ракометари побара да не гледаат во семафорот и да бидат максимално фокусирани на теренот.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Јас ќе бидам задоволен ако излеземе на терен и ако се бориме 60 минути, како што се боревме со Унгарија и претходно на контролата со Хрватска. Важно ќе биде и да не гледаме кон семафорот, да играме онака како што знаеме и умееме од првата минута, без разлика дали ќе сме во водство или во негатива.
Очекувам и голема поддршка од публиката, од самиот почеток да ни даде импулс и ветер во грб, да заиграме онака како што знаеме. Ако тоа се случи, верувам дека ќе биде добро, иако морам да повторам дека против себе ќе имаме една исклучително квалитетна репрезентација.
Холандија е селекција што не е толку крупна физички и агресивна во нападот и во одбраната како што тоа беше Унгарија, но Холанѓаните ги краси брза игра и мислам дека помалку ни одговараат како ривал. Ги имаме добро анализирано и ќе бидеме подготвени за нив, изјави Лазаров.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра во петок од 18:00 часот.