Дома Останати Ракомет Македонија вечерва го започнува настапот на Светското првенство во ракомет

Македонија вечерва го започнува настапот на Светското првенство во ракомет

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Унгарија во првиот свој настап на Светското првенство 2025.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер го одработија последниот тренинг пред почетокот на Мундијалот и подготвени го очекуваат дуелот против фаворизираните Унгарци.

Натпреварот ќе се игра во Вараждин со почеток во 20:30 часот.

Претходно, од 18 часот, во првиот натпревар од Д-групата ќе играат Холандија и Гвинеја.

Пласман во Главната групна фаза ќе обезбедат првите три селекции на табелата.

Фото: Filip Viranovski /RFM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ќе биде тешко: Еве кои земји се тркаат за ЕП кое и Македонија сака да организира!

Македонија е меѓу 11-те европски земји кои официјално покажаа интерес за организација на Е…