Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија повторно остана без Евробаскет

Македонија повторно остана без Евробаскет

Македонската кошаркарска репрезентација загуби убедливо од Естонија со 84-65 и остана без шанси за пласман на Европското првенство што ќе се одржи годинава.

Избраниците на Александар Јончевски од време на време само успеваа да дојдат до егал, но тоа совршено го користеа домаќините за повторно да избегаат на пристојна позитива.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во вториот дел Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс не можеа сами да го водат тимот, па Естонците со агресивна одбрана на нашите ѕвезди го неутрализираше македонскиот напад.

Со оглед на фактот дека бевме сериозно ослабени под кошевите без ниту еден класичен центар, домашната репрезентација доминираше во скок играта. На крајот Естонците се радуваа на убедлив триумф од 84-65.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…