
Мајк Тајсон (58) влезе во рингот во ноември минатата година за прв пат по речиси две децении. Иако импресионираше со својата неверојатна форма пред борбата, прикажана на тренинг видеа, во рингот покажа неочекувано слабо и разочарувачко издание. Џејк Пол (27), јутјубер и инфлуенсер, го победи Тајсона со судиска одлука по осум рунди.
Од Азија пристигнуваат возбудливи вести за негово можно враќање. Според британскиот GB News, казахстанската организација APL планира боксерски меч помеѓу Тајсон и за многумина најдобриот ММА тешкаш на сите времиња, рускиот борец Федор Емелианенко.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
“Имаме планови за борба помеѓу Мајк Тајсон и Федор Емелианенко. Работиме на тоа… Настанот каде што ќе го поканиме Мајк Тајсон е планиран за декември”, изјави претседателот на APL, Алижман Бектаев.
Мајк Тајсон е роден на 30 јуни 1966 година во Бруклин, Њујорк, и се појави на професионалната сцена уште во 1985. Неговата кариера траеше 39 години и 8 месеци, завршувајќи со рекорд од 50 победи и 7 порази, од кои 44 беа со нокаут.
Тајсон стана светски шампион во тешка категорија на само 20 години, станувајќи најмладиот шампион на светот во тој период. Двете легенди влегоа во Меѓународната куќа на боксерската слава: Форман во 2003, а Тајсон во 2011 година.
Федор е една деценија помлад од него. Пред две години, на 46 години, ја заврши својата ММА кариера по 20 годишна кариера. Федор еден од најуспешните борци, обучен во руски самбо и сродни вештини.
Тој ја заврши кариерата со 40 победи и седум порази, при што повеќето се случија на крајот од неговата кариера. Во првите 32 борби имаше само еден пораз, кој дојде по судиска грешка против Јапонецот Кошака.
Долго време беше шампион на Прайд каде што го победи и Мирко Филиповиќ, но по трансферот во американските организации не беше истиот. Тајсон повеќепати истакнал колку му се восхитува на Федор бидејќи, исто како него, беше малечок тешкаш кој ги победуваше сите.