Дома Македонски спорт Maцари се огласи за трансферот на Елмас: Ако некој сака да замине…

Maцари се огласи за трансферот на Елмас: Ако некој сака да замине…

Наполи вчера беше убедливо поразен од Фросиноне во Купот на Италија со 4:0, а освен за натпреварот по оваа средба тренерот Мацари доби прашање и за скоро сигурниот трансфер на Елиф Елмас во Германија.

Сите најголеми германски медиуми од утрово го потврдуваат трансферот и ниту Мацари вчера не демантираше.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ако некој сака да си замине од клубот по освоено Скудето, јас го охрабрувам да го направи тоа – вратата му е отворена. Останатото е во рацете на клубот и од таму ќе добиете објаснување тоа што се случило“, изјави италијанскиот стратег.

Наполи од трансферот на Елмас се очекува да инкасира околу 25 милиони евра, а Македонецот ќе потпише договор до 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…