Дома Фудбал Репрезентации Maнчини во сериозни проблеми: Влезе во „војна“ со половина репрезентација

Maнчини во сериозни проблеми: Влезе во „војна“ со половина репрезентација

Селекторот на Саудиска Арабија, Роберто Манчин влегол во отворен конфликт со четворица стандардни репрезентативци кои одлучиле да кренат побуна против Италијанецот и одбиле да се појават на собирот на националниот тим.

Медиумите во Саудиска Арабија истакнуваат дека Фудбалскиот сојуз застанал зад скапо платениот селектор и за: Наваф Ал-Акиди, Салман Ал-Фарах, Халед Али-Ганам и Ал Хезази ќе бидат суспендирани и парично казнети поради недисциплина и кршење на правилата во сениорската репрезентацијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најлошо поминал неофицијално лидерот на оваа побуна, соиграчот на Кристијано Роналдо од Ал Наср, голманот Ал-Акиди на кого му е изречена петмесечна суспензија од фудбалот, а ќе мора да плати 75.000 евра.

Поради тоа што не се појавиле на првиот собир по елиминацијата од Азискиот куп, Ал-Ганам и Хезаси се суспендирани на еден месец и казнети со 50.000 евра. Најблага казна доби Ал-Фарах кој помина без суспензија, меѓутоа ќе плати 25.000 евра.

Засега прашање е како ќе реагира Манчини по истекот на суспензиите на фудбалерите. Саудиска Арабија во наредниот период ја очекуваат квалификациите за Светското првенство во 2026 година и ситуацијата секако не им оди во корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…