Aктуелниот европски и англиски шампион, Манчестер Сити изминатата вечер обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите и така ја продолжи својата одлична серија.
За Манчестер Сити вчерашниот триумф беше 12-ти во Лигата на шампионите, а импресивно звучи податокот дека се непоразени на последните 30 натпревари на домашен терен. Во таа серија имаат 28 победи и само два порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие се само вториот тим во историјата на ова натпреварување со 30 натпревари без пораз на домашен терен. Но, тука пред нив е Барселона која во период од 2013 до 2020 година не изгуби 38 натпревари пред својата публика.
Но, „граѓаните“ можат да се пофалат дека се првиот тим кој постигнал најмалку три гола на девет натпревари во низа на домашен терен.
ПОСЛЕДНИТЕ ДЕВЕТ НАТПРЕВАРИ НА МАНЧЕСТЕР СИТИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН:
5:0 Копенхаген 2022 година.
3:1 Севиља, 2022 година.
7:0 РБ Лајпциг, 2023 година.
3:0 Баерн, 2023 година.
4:0 Реал Мадрид, 2023 година.
3:1 Црвена Звезда, 2023 година.
3:0 Јанг Бојс, 2023 година.
3:2 РБ Лајпциг, 2023 година.
3:1 Копенхаген, 2024 година.