Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес.
Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манасков ја даде и првата изјава по потписот со Вардар.
„Мило ми е што повторно се враќам тука после долги години. Се надевам дека сите заедно ќе ги оствариме целите на клубот и ќе го вратиме онаму каде што припаѓа за заедно да се радуваме на нови успеси“, изјави Манасков.