Напаѓачот на премиерлигашот Брентфорд, Иван Тони се наоѓа под истрага на Фудбалската асоцијација на Англија поради обложување.
Познато е дека обложувањето за фудбалерите на Островот е строго забрането, а сега се истражуваат негови активности пред тој да направи трансфер во клубор од западен Лондон. Истрага се води веќе седум месеци, засега против фудбалерот не е поднесено обвинение.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Информациите кои кружат на Островот се дека тој се обложувал додека играл во пониските лиги, но засега нема докази дека тоа го правел против тимовите за кои настапувал. Такво нешто би дало целосно друга димензија на истрагата.
Треба да се знае дека тој е на поширокиот список на селекторот на Англија Герет Саутгејт за Мундијалот во Катар. Иако досега нема настап за „Гордиот Албион“ се надева дека би можел да дебитира токму во Катар. Евентуално обвинение може да му направи проблем.
За целиот случај се огласи и самиот тој.
„Свесен сум за тоа што се пишува за мене во весниците. Но не кријам ништо, соработувам во истрагата и додека не заврши истрагата нема да давам коментари. Горд сум што сум Англичанец и од дете сонувам да играм за репрезентацијата на СП“, објави напаѓачот на социјалните мрежи.
— Ivan Toney (@ivantoney24) November 5, 2022