Дома Македонски спорт Maкедонија Шпанија низ историјата: За првпат играме дома и посакуваме прва победа!

Maкедонија Шпанија низ историјата: За првпат играме дома и посакуваме прва победа!

Машката сениорска репрезентација на Македонија по седми пат ќе се соочи со својот ривал овој петок во Скопје. Втор официјален, затоа што пет од нив се водат како пријателски.

Секако, оној кој „се брои“ во историјата, е она незаборавно полуфинале на Евробаскетот 2011, во Каунас, а за триумфот „потпишан“ од неверојатниот Хун Карлос Наваро и неговите за нас, кобни 35 поени.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Денешниот натпревар во Скопје ќе биде првиот натпревар меѓу Шпанија и Македонија, на наш терен. Останатите пет беа пријателски, сите се играа на шпанско тло. Односно се играше во Фуенлабрада, Сантијаго де Компостела, Леон, Мадрид и Логроњо.

Првиот дуел против Шпанците датира од 1999 година. Се играше во Фуенлабрада како подготовка за Евробаскетот таа година. Како и во следните пет натпревари, победата и припадна на Шпанија (74:66), која ги запиша двете најубедливи победи во последните два натпревари. Двете во 2015 година, кои „фуријата“ ги доби со +34 односно +31 поени.

Но, ако има натпревар кој се издвојува пред се, тоа е оној што се одигра во 2011 година во Каунас, полуфиналето на Евробаскетот, запаметен не само по тешката и на крајот, сепак заслужена победа на Шпанија – која отиде во финалето, а два дена подоцна златен медал.

Но и неверојатниот шутерски приказ на Хуан Карлос Наваро, кој на паркетот мина 36 минути и заврши со 35 поени (пет од девет за три поени), што беше поважно бидејќи нашите момци беа предводени од неверојатниот Лестер Бо Мекејлеб.

ИСТОРИЈАТ НА ДУЕЛИТЕ: ШПАНИЈА-МАКЕДОНИЈА

Пријателски, 1999 – Фуенлабрада: Шпанија – Македонија    74:66

Евробаскет,  2011 – Каунас: Шпанија – Македонија       92:80

Пријателски,  2013 – Сантијаго де Компостела: Шпанија – Македонија     66:61

Пријателски, 2013 – Леон: Шпанија – Македонија          77:55

Пријателски, 2015 – Мадрид: Шпанија – Македонија     94:63

Пријателски, 2015 – Логроњо: Шпанија – Македонија   88:54

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположен…