Дома Македонски спорт Maкедонија денес ја чека ждребката за баражот за Мундијалот во Катар

Maкедонија денес ја чека ждребката за баражот за Мундијалот во Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија денес ја чека можеби најважната ждрепка во својата историја.

Во последните квалификации за Светското првенство за првпат завршивме како второпласирани и денес ги чекаме противниците во баражот. Овој бараж ќе биде посебен затоа што за првпат место со една селекција за да го поминеме ќе треба да играме со две, ќе има полуфинале и финале.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Покрај нас во баражот се уште 11 селекции, а во улога на носители се: Италија, Португалија, Русија. Шкотска, Шведска и Велс, додека уште шест репрезнетации со се Македонија се во групата на неносители: Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина.

Со кого и да играме во полуфиналето ќе играме на гостински терен затоа што носителот игра дома додека, во финалето ќе имаме шанса да бидеме домаќини. Ждребот се одржува во 17:00 часот во Цирих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид добива големо засилување за реваншот против Манчестер сити

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе доби позитивни вести во пресрет на реваншот про…