Дома Фудбал Останато Maтуиди за моментот кога дознал дека има коронавирус: Бев шокиран, се плашев за семејството и пријателите

Maтуиди за моментот кога дознал дека има коронавирус: Бев шокиран, се плашев за семејството и пријателите

Играчот на Јувентус Блез Матуиди е еден од тројцата фудбалери на Јувентус кои беа заразени со коронавирусот.

На Матуиди кон крајот на март му беше дијагностициран коронавирус, но успеа во целост да се опорави. Сега тој зборуваше за моментот кога дознал дека е заразен со вирусот кој го парализираше светот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Искрено, беше тешко. Кога се покажа дека сум позитивен не можев никаде да излезам. Бев шокиран, во тие моменти морате да бидете ментално силни. Ќе ни треба време, ова е нова ситуација за сите нас. Немав симптими, но кога ја слушнав вест бев во шок. Бев во целосна паника, се плашев за своето семејство и пријателите. Со нетрпение чекам, се да помине и сите да се вратиме на нормалниот живот“, изјави Матуиди.

Во Јувентус позитивни беа уште Даниеле Ругани и Паоло Дибала. Ругани и Матиуди успешно го надминаа вирусот, додека за Дибала пред неколку дена се шпекулираше дека повторно бил позитивен, но тоа не е потврдено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…