Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Maтеус до Англичаните: Ако Санчо ви седи на клупа ќе му дадеме германски пасош

Maтеус до Англичаните: Ако Санчо ви седи на клупа ќе му дадеме германски пасош

Германската легенда Лотар Матеус е збунет од тоа што Џејдон Санчо, еден од најдобрите играчи во Бундеслигата доби само шест минути на Европското првенство.

Во Англија има навистина голем број одлични играчи, па фудбалерот на Борусија Дортмунд не доби вистинска шанса. Во главно е на клупата, а на првите три натпревари доби само шест минути.

Англија во осминафиналето ќе игра против Германија, а многу е веројатно дека и овој дуел ќе го започне од клупата.

„Во последните две години беше еден од најдобрите играчи во Бундеслигата. Ако за Англија не е доволно добар ќе му дадеме германски пасош. Може ли еден таков играч да чувате на клупа?“, порача Матеус

Матеус со нетрпение го чека дуелот со Англија и смета дека ако има пеналу Германија ќе слави.

„Англија има шанси против Германија, но не во пенали. Ако има пенали Германија ќе победи. Англичаните нема да смеат да дозволат да дојде до тоа. Знаат дека сме добри во пеналите на големите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Mбапе како тинејџер: Не доби топка, па престана да трча 🎥

Килијан Мбапе летово го продолжи договорот со ПСЖ и доби голем број привлегии, а таквиот с…