Дома Фудбал Англија Maнчестер Сити се огласи со официјалното соопштение за можното исфрлање од ЛШ

Maнчестер Сити се огласи со официјалното соопштение за можното исфрлање од ЛШ

„Њујорк Тајмс“ вчера ја разбранува јавноста со информацијата за можното исфрлање на Манчестер Сити од Лигата на шампионите поради кршењето на правилата на финансискиот фер-плеј.

Ново-стариот шампион на Англија тврди дека има цврсти докази за невиноста и ќе ги достави пред органите кои се занимаваат со почитувањето на правилата на ФФП и се очекува „граѓаните“ да земат став во претстојната дисциплинска постапка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес од англискиот клуб се огласија со официјално соопштение.

„Манчестер Сити во целост добронамерно соработува со истрагата која ја водат надлежните органи. Нашиот клуб верува во независноста и непристрасноста во процесот и не сакаме повеќе ништо да коментираме додека постапката е во тек. Текстот на „Њујорк Тајмс“ во кој „цитира луѓе блиски на случајот“ е загрижувачки затоа што имплицира дека не стои наша желба за соработка. Тоа би можело да влијае на клупската репутација и комерцијалните интереси, можеби и на двете истовремено. Обвиненијата за финансиските неправилности за работењето на нашиот клуб во целост се лажни и доказите се веќе испратени во одборот за контрола на почитување на правилата на ФФП“, стои во соопштението на Манчестер Сити.

Истовремено од УЕФА одбија да дадат било каков коментар и потврдија дека постапката против Манчестер Сити е во тек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…