Дома Македонски спорт Maкедонските каратисти со два златни медали на меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија“

Maкедонските каратисти со два златни медали на меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија“

Заврши традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј на Македонија“.

На овогодинешниот трет по ред традиционален меѓународен турнир „Трофеј на Македонија”, македонските каратисти освоија две златни медали. Златно одличје за Македонија донесоа Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми во женска конкуренција и Пулексенија Јованоска во кати.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година, Емил Павлов освои бронза во -60 килограми. Од останатите каратисти кои се натпреваруваа на турнирот, сребрени беа Глигор Петков (-84кг) и Ненад Келебиќ (-67кг.), Абдурахим Идризи (-60кг) и Сара Радичевска (-50кг.) Со бронза покрај Емил Павлов се закитија и Јована Георгиева (-55кг.), Моника Стефановска (-68кг.), Роберто Ацковски (-67кг.), Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.) и Жарко Арсовски (+84кг.).

На турнирот учествуваа најдобрите каратисти од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…