Дома Македонски спорт Maкедонија без Трајковски против Финска и Азербејџан

Maкедонија без Трајковски против Финска и Азербејџан

Селекторот Благоја Милевски вчера го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Финска и Азербејџан.

Напаѓачот Александар Трајковски беше на списокот на Милевски, но сега пристигна информација дека поради повреда ќе го пропушти овој репрезентативен собир.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


„Александар Трајковски нема да биде во можност да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан“, соопштија од федерацијата.

Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски. Во Скопје на 17. ноември прво гостува Финска, а три дена подоцна Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Халанд се посрамоти: Од неколку метри промаши – празен гол! 🎥

Ерлинг Халанд во денешното градско дерби против Манчестер Јунајтед го имаше едно од најгол…