Дома Фудбал Инзаги го отпиша Митровиќ

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите одлучи да “крени сидро” и за астрономска плата да го преземе саудискиот Ал Хилал.

Негова прва задача беше овој клуб да го претстави во најдобро светло на Светското клупско првенство во Америка, и не само што успеа, туку и оствари историски резултат.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Излезе од групата со Реал Мадридо, Салцбург и Пачука, а потоа во осминафиналето направи сензација елиминирајќи го Манчестер сити. Сега го очекува четвртфинален дуел со бразилскиот Флуминенсе и добра шанса да достигне до полуфиналето.

Сето ова Инзаги го направи без најдобриот стрелец на екипата Александар Митровиќ. Капитенот на репрезентацијата на Србија е со екипата на ова првенство, но досега не играше поради повреда, а како што стојат работите, прашање е дали ќе одигра повеќе во дресот на Ал Хилал.

Имено, познатиот фудбалски инсајдер Николо Шира тврди дека Инзаги повеќе не смета на Митровиќ, дека веќе одлучил како тој е вишок и дека Србинот брзо ќе се врати во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид донел одлука: Фудбалерот кој постигна многу важни голови може да замине!

Реал Мадрид е подготвен да го реализира трансферот на бразилскиот напаѓач Родриго (24), а …