Дома Фудбал Почина Питер Руфај (61), легендарниот голман на Нигерија и икона на Панини

Почина Питер Руфај (61), легендарниот голман на Нигерија и икона на Панини

Африканските медиуми вчера информираа дека почина Питер Руфај, една од најпознатите голмански фигури на Нигерија од деведесеттите години.

Тој имаше 61 година и почина по долга болест, според информациите на EСПН. Руфај се прослави со настапите на Нигерија на Светските првенства во 1994 и 1998 година, кога африканската селекција беше омилена како аутсајдер, а тој стана вистинска икона на Панини.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Претседателот на Фудбалската федерација на Нигерија, Ибрахим Гусао, ја потврди смртта на поранешниот репрезентативен голман и капитен:

“Ова е огромна загуба за нигерискиот фудбал. Го сретнав пред околу една недела, беше видливо ослабен. Кога го прашав дали е се во ред, ми рече дека се е во најдобар ред.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигаш ќе остане без Лигa Европа поради тужбa од Францијa

Кристал Палас, клубот кој се очекуваше да игра во Лига Европа, ќе мора да се задоволи со у…