Дома Фудбал Останато Mурињо објасни како еден тренер треба да се спреми кога на другата страна го има Меси

Mурињо објасни како еден тренер треба да се спреми кога на другата страна го има Меси

Жозе Мурињо за порталот „Give Me Sport“ даде интервју во кое посебно интересна беше неговата анализа за тоа како еден тренер се подготвува за играч како Меси.

Мурињо во богатата кариера многу пати го водеше тимот против Меси, а сега откри неколку начини како неговиот тим го припрема против таков играч.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Играв против Меси со Челзи, Интер и Реал. Во секој натпревар имав поинаков пристап и цел. Некогаш играте на победа, некогаш да не изгубите, а некогаш правите промена на сред натпревар за да го задржите или промените резултат. Кога на другата страна имате играч како Меси, морате да сфатите на кој начин може да ви наштите и кога е предоцна да го запрете. Се на се Меси ги прави сите тренери подобри“, изјави Мурињо.

Во тренерската кариера Португалецот во 14 натпревари ги водеше своите тимови против Меси. Пет пати го победуваше, исто толку пати ремизираше, а шест пати славеше тимот на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…