Дома Фудбал Италија Mурињо: Не очекувам Спинацола да се врати пред јануари

Mурињо: Не очекувам Спинацола да се врати пред јануари

Леонардо Спинацола беше еден од најдобрите фудбалери на Италија на Европското првенство, но фудбалерот на Рома заработи тешка повреда во натпреварот против Белгија.

Спинацола беше успешно опериран во Финска, а со оглед дека повредата на Ахиловата тетива е една од најтешките во спортот го чека долга пауза. Тоа е проблем и за Жозе Мурињо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За италијанските медиуми Мурињо изјави дека не очекува враќање на Спинацола пред јануари.

„Спина за жал го чека долга пауза, не очекувам да се врати пред јануари“, изјави Мурињо.

Мурињо е во потрага по негова алтернатива, а како можна опција е споменуваше и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија ќе гостува кај БиХ на 29 мај

Фудбалската репрезентација на Македонија кон крајот на мај ќе има нов тест, откако на 29-т…