Дома Фудбал Англија Mудрик се расправал со навивач на Челзи: Ајде „еден на еден“ во 10.000 фунти

Mудрик се расправал со навивач на Челзи: Ајде „еден на еден“ во 10.000 фунти

Украинскиот фудбалер, Михајло Мудрик не може да ја пронајде вистинската форма од доаѓањето во Челзи минатата зима, а по натпреварот против Вулверхемптон во кој „сините“ беа поразени со 2:4 влезе во расправија со навивач.

Навивачите се незадоволни и го критикуваат Мудрик, меѓутоа и Украинецот одлучил да одговори на еден од оние што му пишале на Инстаграм.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Што е***о се случува со тебе? Дали си заборавил да играш фудбал? Не е доволно добро. Нешто мора да се промени. Можеш да одиш на тренинг сесии „еден на еден“. Кога и да играш, како да имаме играч помалку“, напишал навивачот.

Неколку часа подоцна Мудрик му одгоговрил.

„Ајде да играме еден на еден. За 10.000 фунти.“, добил понуда навивачот, на што одговорил.

„Брате, во овој момент лично јас ќе ти дадам пари кога ќе потстигнеш гол. Сите сме навивачи на Челзи и ги разбирам играчите, но ајде човеку. Го имаме Евертон за следен противни“, гласела новата порака од навивачот.

Мудрик потоа го прашал.

„Дали добро играш фудбал?“, на тоа следувал одговор:

„Постигни гол за нас, те молам“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФФМ изрече суспензии по инцидентот во Штип: Едно од децата-напаѓачи е исклучено од фудбалот!

По немилиот инцидент кој се случи за време на натпреварот меѓу младинските екипи на Брегал…