Дома Фудбал Италија Mихајловиќ со жестоки критики: Јувентус е нечесен како и целиот италијански фудбал!

Mихајловиќ со жестоки критики: Јувентус е нечесен како и целиот италијански фудбал!

Јувентус ќе освои ново Скудето во Серија А во тоа никој не се сомнева, а во последното коло за викендот овој тим претрпе пораз од СПАЛ кој се бори за опстанок.

Прославата на титулата на Јувентус беше одложена, бидејќи на „Ферари“ изгубија од СПАЛ. Тој неуспех не ги загрижува многу луѓето во Торино, Макс Алегри во овој натпревар одлучи да го одмори комплетниот прв тим за реваншот против Ајакс.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Старата дама“ играше меч со неколку тинејџери и му направи голема услуга на СПАЛ. Тоа посебно го налути тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ. Тимот на Михајловиќ води борба со СПАЛ за опстанок во Серија А.

„Многумина ќе се сложат со ова што ќе го кажам и многумина нема да се сложат. Ако играте против стартерите на Јуве тоа е добро. Ако играте против резервен тим на Јувентус составен од играчи кои во поголемиот дел на клубови во Италија би биле стартери исто така е во ред. Но, ако Јувентус на терен излезе со некои играчи од Примавера или оние кои играат во Серија Ц тоа е нешто што е неприфатливо и не е праведно“, изјави Михајловиќ.

Српскиот стратег не штедеше критики на сметка на Јувентус.

„Јувентус не игра чесно. Не мислам дека имаат проблем со играчкиот кадар. Италијанскиот фудбал е таков, нечесен. Ништо не е во ред, но знам дека нив за овие зборови ги боли онаа работа“, заврши Михјаловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…