Mурињо на 19. Април доби отказ во Тотенхем, а во вторникот беше објавено дека од наредната сезона ќе ја води Рома.
Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ денес процени дека ќе му биде тешко во Рома, но дека неговото враќање е добро за италијанскиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што се враќа, тоа е добро за италијанскиот фудбал. Тој има харизма и карактер, а работата во Рома е предизвик за него. Ќе видиме како ќе му оди. Него му е потребен тим затоа што големите играчи прават големи тренери. Рома заслужува пофалби затоа што никој не очекуваше вакво нешто“, изјави Михајловиќ за италијанските медиуми.
Во Италија Мурињо работеше од 2008 до 2010 година во Интер со кој освои две титули во Серија А, Лига на шампиони, Куп на Италија и Суперкуп на Италија.