Дома Фудбал Останато Mихајловиќ: Во Хрватска кило банани чинеше колку цела месечна плата на мајка ми

Mихајловиќ: Во Хрватска кило банани чинеше колку цела месечна плата на мајка ми

Синиша Михајловиќ имаше интересен разговор со познатиот српски ТВ водител Иван Ивановиќ.

Михајловиќ е роден во Вуковар, неговата мајка е од Хрватска, а татко му Србин. Легендата на Серија А никогаш не криел за која страна е повеќе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ние како народ најлоши сме за самите себе. Повеќе ме ценат во Италија и странство отколку во Србија…Јас бев селектор на репрезентацијата што во државите кои сакаат фудбал е позиција после претседателот. Кај нас има многу луѓе кои не ти посакуваат добро. Како да им е мило кога работите не одат како што треба“.

Во разговорот Михајловиќ се потсети и на животот во Хрватска.

„Во Хрватска каде што сум роден, тогаш килограм банани чинеше колку месечената плата на мајка ми. Таа нас ќе ни купеше само една банана и ја делевме со мојот брат. И кажав дека кога ќе станам богат ќе и купам еден камион банани, сепак тоа уште не сум го направил“, изјави Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан сака засилување од Баерн Минхен

Угледниот “Газета дело Спорт” наведува дека челниците на Росонерите веќе идент…