ЦСКА ќе се раздели со Виктор Гончаренко и таа одлука изгледа е дефинитивна.
Во руските медиуми ЦСКА се поврзуваше со повеќе имиња, а според последните информации Ивица Олиќ ќе седне на клупата. Поранешниот фудбалер во понеделник ќе биде промовиран и веднаш ќе го одработи првиот тренинг со екипата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, не се враќа Москва само Олиќ на клупата на ЦСКА ќе има вистинска балканска дружина. Помошници на хрватскиот стратег ќе бидат Милош Красиќ и Босанецот Елвир Рахмиќ.
Како што за Ивица Олиќ ова ќе биде прв тренерски ангажман во кариерата така и Милош Красиќ за првпат ќе заплови во тренерските води. Долго поранешниот репрезентативец на Србија беше далеку од очите на јавноста, а сега ќе се врати на фудбалот.
ЦСКА е клубот каде што Красиќ како играч ги помина најдобрите денови, дресот на овој клуб го носеше од 2004 до 2010 година кога направи трансфер во Јувентус каде што освен во првата сезона баш и не се прослави.