Селекторот Благоја Милевски денеска ја одржа прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Ерменија.
Натпреварот против Ерменците ќе биде клучен во битката за првото место, а ние сме во поволна позиција и ни одговара дури и минимален пораз.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Пред почетокот на овој октомвриски циклус од Лигата на нации, целта ни беше да останеме на првото место. Не е важно како ќе дојдеме до таа цел, важно е да ја оствариме. Комплетно сме фокусирани на Ерменија и на тоа како треба да излеземе на терен. Не сакаме да мислиме на комбинациите, за тоа ќе размислуваме во ноември. Секој меч е различен. Утрешниот ќе биде различен од оној пред три години, но и од последниот кој минатиот месец го игравме со нив. Ерменците ни се како судбина, квалитетни се и не смееме да ги потцениме“, рече Милевски на денешната прес-конференција.
Натпреварот се игра од 18:00 часот.