Дома Трансфер зона Mилан може да добие засилување од Реал Мадрид

Mилан може да добие засилување од Реал Мадрид

Милан игра одлично оваа сезона, а веќе размислува за засилувања со кои би можел да се вмеша во борбата за титулата во Серија А.

Шпанските медиуми пишуваат дека калчолигашот почнал преговори со шпанскиот играч Иско и се надева дека ќе може да го ангажира уште во јануари.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Иско и претходно се поврзуваше со трансфер во Милано, но шпанскиот фудбалер не сакаше да ја намали платата, па идејата на „росонерите“ им пропадна.

Иско минатата сезона настапи на 29 натпревари, а не се очекува да добие преголема шанса ниту кај Карло Анчелоти оваа година, па затоа ќе биде испратен на позајмица или продаден на Милан за сума од 18 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…