Суспензијата на Ајван Тони поради обложување од осум месеци заврши и сега тој ќе може да се врати на фудбалските терени и да му помогне на Брентфорд.
Сепак, тој е засега во Брентфорд, а во неговото прво интервју како да најави дека нема ништо против брз трансфер во клуб кој би имал поголеми амбиции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можете да знаете кога ќе биде вистинскиот момент за трансфер, меѓутоа она во што сум сигурен е дека сакам да играм топ клуб кој ќе се бори за трофеи. Не потстои фудбалер кој не сака да игра во врвен клуб, ќе видиме дали во јануари ќе пристигне понуда која му одговара и на клубот.
Но, најважно што е што проблемите ги оставам зад себе и сега сум сконцентриран на обврските ки доаѓаат“, изјави Тони.