Дома Фудбал Италија Mурињо: Не очекувам Спинацола да се врати пред јануари

Mурињо: Не очекувам Спинацола да се врати пред јануари

Леонардо Спинацола беше еден од најдобрите фудбалери на Италија на Европското првенство, но фудбалерот на Рома заработи тешка повреда во натпреварот против Белгија.

Спинацола беше успешно опериран во Финска, а со оглед дека повредата на Ахиловата тетива е една од најтешките во спортот го чека долга пауза. Тоа е проблем и за Жозе Мурињо.

За италијанските медиуми Мурињо изјави дека не очекува враќање на Спинацола пред јануари.

„Спина за жал го чека долга пауза, не очекувам да се врати пред јануари“, изјави Мурињо.

Мурињо е во потрага по негова алтернатива, а како можна опција е споменуваше и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен го разгледува Ник Попе како замена за Нојер

Баерн Минхен размислува за ангажман на голманот на Њукасл Јунајтед, Ник Попе, како дел од …