Иако се најавуваше смена на селекторската позиција, Благоја Милевски ќе ја води Македонија до крајот на квалификациите за Европското првенство.
Ваква беше денешната одлука на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Останувањето на Милевски на клупата беше доведено поради бројните критики од јавноста за лошата игра и резултати во последниот период, но федерацијата одлучи да не го раскине договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Милевски завршува со завршувањето на евроквалификациите наредната година, па тогаш ќе се одлучува дали ќе му биде понуден нов договор.
Одлуката на Управниот одбор Милевски да остане селектор значи и дека капитенот Стефан Ристовски сигурно нема да го имаме на располагање во наредниот период.