Дома Останати Кошарка НБА Mилвоки шампиони во НБА за првпат после 50 години! 🎥

Mилвоки шампиони во НБА за првпат после 50 години! 🎥

Кошаркарите на Милвоки се нови шампиони во НБА лигата.

Бакси во шестиот натпревар од финалето го совладаа Феникс со резултат 105:98 и ја добија серијата со 4:2 и така по втор пат станаа шампиони во најсилната кошаркарска лига во светот.

Бакси имаа одлично отварање на натпреварот доминираа и на крајот ја добија со 13 разлика, 29:16. Сепак гостите од Феникс се вратија во мечот во втората четвртина. Целосно ги разбија Бакси во овој дел и на одмор се замина со пет поени предност во корист на гостите (47:42).

Продолжението од натпреварот донесе одлична кошарка во која Бакси предводени од Јанис Антетокумпо стигнаа до победа и освојување на титулата. Натпреварот Јанис го заврши со 50 поени и 14 скокови и заслужено беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија.

За Бакси ова прва титула после 50 години, претходно беа шампиони во 1971 и таа им е единствена титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шегата на делегацијата на САД не му се допадна на Дурант 🎥

Учесниците во САД на Олимписките игри во Токио се пошегуваа на сметка на Кевин Дурант. Во …