Дома Останати Кошарка Лука Дончиќ стана ко-сопственик на екипа од НБА Европа

Лука Дончиќ стана ко-сопственик на екипа од НБА Европа

Лука Дончиќ стана дел од инвестициската група на Дони Нелсон, поранешен генерален менаџер на Далас, кој има за цел да го донесе Рим во НБА Европа, известува Атлетик.

Нелсон има договор за купување на Кремона, со цел да започне многу поголем проект, а тоа е влезот во лигата под покровителство на ФИБА и НБА.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се пишуваше дека во тој тим ќе биде и Дирк Новицки, меѓутоа неговиот портпарол го демантираше тоа.

Сепак, во тимот на соработници би требало да биде Римантас Каукенас, некогашен познат литвански кошаркар.

Кремона поседува лиценца за Серија А, а секој тим кој би се натпреварувал во НБА Европа мора истовремено да игра и во првата лига на домашното првенство.

Со таа лиценца, Дончиќ и партнерите би основале практично нова франшиза во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Натпревари на Јокиќ и Дончиќ под истрага на НБА

НБА лигата се соочува со сè поголемо внимание кон стратегија што ја користат екипите кои н…