
Тимот на Ливерпул успешно ги одбил иницијативите на Барселона за преговори околу трансферот на Луис Дијаз, со јасна порака – Колумбиецот не е за продажба.
На Енфилд се децидни: “Лучо” останува.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Дијаз пристигна во составот на “Црвените” од Порто во јануари 2022 година, а тековниот договор го врзува за клубот до крајот на јуни 2027 година.
Оваа сезона се истакна со извонредна форма – 13 постигнати голови и 7 асистенции, што значително придонесе во борбата на Ливерпул за титулата во Премиер лигата на Англија.
“Многу сум среќен во Ливерпул, секогаш го кажувам тоа. Таму ме пречекаа на прекрасен начин,” изјави Дијаз пред новинарите пред натпреварите на неговата репрезентација против Перу и Аргентина.
“Прозорот за трансфери започнува и сите се обидуваме да донесеме најдобри одлуки за себе. Чекам да видам што ќе случи. Ако Ливерпул ми понуди продолжување на договорот – ќе бидам задоволен. Но, ќе бидам среќен и ако останам до крајот на тековниот договор. Се зависи од клубот, ќе видиме, ќе одлучам што е најдобро,” додаде тој.
Шпекулациите за можно заминување беа дополнително разгорени откако Дијаз и неговата девојка објавија емотивни пораки на социјалните мрежи, што некои ги толкуваа како простување со навивачите.
Во меѓувреме, Ливерпул ги продолжи договорите со Мохамед Салах и Виргил ван Дајк, а уште лани беше договорен доаѓањето на Мамардашвили. Ова лето, клубот веќе се засили со ангажирањето на Џереми Фримпонг.
Исто така, се шпекулира дека Флоријан Вирц и Милош Керкеш се блиску до доаѓање, додека се очекува Дарвин Нуњез да замине. Веќе е потврдено дека клубот ги напуштаат Трент Александер-Арнолд и голманот Келехер.