
Ханси Флик е стратег кој ништо не остава на случајноста, особено кога станува збор за трансферите. По застојот во преговорите со Луис Дијаз, тој веќе има втора алтернатива.
Барселона зад себе има извонредна сезона, а еден од главните виновници за тоа е германскиот тренер – Ханзи Флик.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Под негово водство, каталонскиот тим оваа година освои шпанската лига, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија.
Во Лигата на шампионите, исто така, остварија значаен пат што заврши во полуфиналето каде беа поразени од Интер
Сепак, времето за одмор е кратко и Барселона активно се подготвува за следната сезона.
Скоро ќе започне летниот преоден рок, кој се очекува да биде еден од најинтересните досега.
Барселона ќе биде еден од најактивните клубови во трансфер периодот со оглед на очекуваните трансакции како во влезни, така и во излезни правци.
Кога станува збор за излезни трансфери, Ансу Фати речиси е со еден чекор надвор од клубот, бидејќи падна во втор план под водството на Флик.
Во однос на засилувањата, Флик го идентификуваше голманското и крилното место како критични и ова лето ќе биде фокусиран на нив.
Контакт веќе е направен со Жоан Гарсија, голманот на Еспањол, и ситуацијата таму се следи внимателно.
Што се однесува до крилната позиција, многу се говореше за ѕвездата на Ливерпул – Луис Дијаз, но дискусиите се смирија во последно време.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона и Флик веќе разгледуваат други опции, а во преден план е едно име.
Станува збор за Бразилецот – Игор Паиксао, кој доаѓа од Холандија, поточно од редовите на холандскиот Фејенорд.
Паиксао оваа сезона игра впечатливо и е еден од клучните играчи на Фејенорд. Одигра 47 натпревари, постигна 18 голови и забележа 19 асистенции.
Цената што Барселона би требала да ја плати за Бразилецот е сосема пристојна, во распон од 35 до 40 милиони евра.
Сепак, Барселона не е единствениот клуб заинтересиран за Паиксао, затоа ќе треба да го забрзаат процесот. Освен нив, бразилецот е под надзор и на неколку англиски и италијански клубови.
Фото: Barcelona FC