Дома Фудбал Луд навивач стана хит на Африканскиот Куп на Нации: За кого навиваше?

Луд навивач стана хит на Африканскиот Куп на Нации: За кого навиваше?

Неделава во Мароко започна Африканскиот куп на нации, каде што најдобрите африкански репрезентации се борат за титулата најдобри на континентот. Овој турнир, како и секогаш, носи со себе бројни интересни моменти на теренот и на трибините.

Една од најкоментираните сцени од вчерашниот ден на турнирот беше забележана на натпреварот помеѓу Сенегал и Боцвана, кој се одигра на стадионот во Тангер.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во еден момент камерата улови навивач целосно облечен во сребрено-сив костим изработен од фолија.

Фановите брзо го забележаа овој навивач на социјалните мрежи, па сите се прашуваат за кого тој навива, бидејќи тоа не може да се утврди од неговиот костим кој наликува на диско-топка.

Што се однесува до самиот натпревар, Сенегал ја победи Боцвана со 3:0. Херој на натпреварот беше напаѓачот на Челси, кој е на позајмица во Баерн, Никола Џексон, со два постигнати гола, додека едно дело беше на Шериф Ндиае.

Денес, на програмата во Африканскиот куп на нации, се натпреварите меѓу Буркина Фасо и Екваторијална Гвинеја, Алжир и Судан, Брегот на Слоновата Коска и Мозамбик, како и Камерун и Габон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв пораз за Вардар во лигата, Шкендија му се доближи на еден бод

Шкендија триумфира против Вардар со 1-0 во Скопје во домашниот шампионат, со што му се доб…