Дома Фудбал Лоша вест за Мбапе: Останува без планираните 55 милиони евра?

Лоша вест за Мбапе: Останува без планираните 55 милиони евра?

Француската фудбалска федерација (ФФФ) го игнорираше барањето на адвокатката на Килијан Мбапе да го пренасочат случајот кон УЕФА, во кој неговиот клиент од ПСЖ бара 55 милиони евра.

Бидејќи ФФФ не ја пренасочи документацијата до управното тело на европскиот фудбал, која ја испрати Делфин Вергейден, УЕФА нема да го разгледува случајот, ниту ќе го санкционира парискиот клуб.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Пишува „Ас“ потсетувајќи дека правната застапничка на Мбапе минатата недела ја контактираше Француската фудбалска федерација со барање случајот да го преземе УЕФА.

Станува збор за спор во кој Мбапе тврди дека поранешниот клуб му должи неисплатени плати и бонуси, поради што УЕФА би можела да му нареди на ПСЖ да ги подмири трошоците, но и да го казни клубот, меѓутоа како што сега стојат работите тоа нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Реал Мадрид го проколнуваат Хаби Алонсо! Се дозна вистината за повредата на Мбапе

Реал Мадрид утре игра на свој терен реванш натпревар од плејофот на Лигата на шампионите п…