Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.
Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Премиерлигашите ги следат неговите настапи и веќе ја започнаа битлата за неговиот потпис.
Најсилен интерес покажува Ливерпул, кој веќе бара замена за Александер Арнолд и најголема желба е токму Фримпонг.
Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра, сума која „црвените“ се спремни да ја платат.
🚨 Liverpool are planning a double swoop for Brighton's João Pedro and Bayer Leverkusen's Jeremie Frimpong.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 14, 2024
(Source: Sun Sport) pic.twitter.com/467IaOtV2f